УНИ Банка ќе исплати полугодишна камата за перпетуалните обврзници од втората емисија

Универзална Инвестициона Банка АД Скопје ќе изврши исплата на полугодишна камата по каматна стапка 5% на годишно ниво на имателите на перпетуални обврзници од втората емисија со ИСИН MKBLBA200029 и шифра UNIPO2.

Исплатата на камата ќе се изврши на 31.08.2026 година.

Право на исплата на камата имаат лицата кои се регистрирани во книгата на иматели на перпетуални обврзници  во Централниот депозитар за хартии од вредност заклучно со 29.08.2026 година.

Тргувањето со обврзниците во деновите 26 и 27 август 2026 година ќе се реализира со пресметана акумулирана камата, при што Купувачот при порамнувањето на 31 август и 01 септември 2026 година, ќе треба да му го уплати износот  на чистата цена плус акумулираната камата на Продавачот. При ова, Купувачите ќе бидат регистрирани во книгата на иматели на перпетуални обврзници во Централниот депозитар за хартии од вредност на 31 август и 01 септември 2026 година, соодветно и нема да остварат право на исплата на полугодишната камата.