
Стопанска банка АД – Скопје преку Македонската берза информираше за кадровски измени во своите органи на управување и надзор, согласно Глава 6 од Правилата за котација.
Хрисула Кутуди е повторно именувана за Генерален извршен директор и претседател на Управниот одбор на Банката со нов мандат од четири години. Одлуката е донесена од страна на Надзорниот одбор, а за истата е добиена и соодветна согласност, односно Решение од Извршниот одбор на Народната банка на Република Северна Македонија.
Исто така банката објави дека Зорица Божиновска – Лазаревска е именувана за нов независен член на Надзорниот одбор со мандат од четири години.













