
Српската АЛТА банка АД Белград го зголеми својот сопственички удел во АЛТА банка АД Битола.
Согласно Глава 6, член 38 став 2 од Правилата за котација, банката објави известување за промени кај акционерите со значителни удели. Според поднесениот извештај, матичната АЛТА БАНКА АД Белград се стекна со дополнителни 56 обични акции во битолската банка.
Со оваа последна трансакција, српската банкарска групација сега поседува вкупно 372.408 обични акции, односно 95,2506% од вкупниот број издадени обични акции во АЛТА банка АД Битола.













