Алта Банка АД Белград го зголеми сопственичкиот удел во АЛТА банка АД Битола

Српската АЛТА Банка АД Белград го зголеми својот сопственички удел во АЛТА банка АД Битола, соопштија  од банката преку Македонска Берза.

Согласно Глава 6, односно член 38 став 2 од Правилата за котација на Македонска Берза АД Скопје, кои се однесуваат на известување за промени кај акционери со значителни удели, АЛТА Банка АД Белград се стекна со дополнителни 60 обични акции.

Со оваа сопственичка промена, акционерот од Белград сега поседува вкупно 372.468 обични акции, што претставува 95,2660% од вкупниот број на обични акции издадени од АЛТА банка АД Битола.