
Хотели Метропол АД Охрид ја извести инвеститорската јавност преку Македонската берза за реализиран нов откуп на сопствени акции.
Согласно Одлуката Бр.02-167/10 за стекнување сопствени акции со откуп донесена на Собрание на акционери на ден 19.05.2026 година, ХОТЕЛИ МЕТРОПОЛ АД ОХРИД на ден 08.10.2026 година преку трговска трансакција на Македонска Берза АД Скопје изврши откуп на 560 сопствени акции.
По извршениот откуп Друштвото поседува вкупно 16.499 сопствени акции, што претставува 1,59 % од основната главнина.













