
Просечната плата (бруто) пресметана за август 2026 година изнесуваше 161.953 динари, околу 1.382 евра додека просечната плата без даноци и придонеси (нето) изнесуваше 117.282 динари, околу 1.000 евра, објави денес Републичкиот завод за статистика.
Растот на бруто платите во периодот јануари-август 2026 година, во споредба со истиот период минатата година, изнесуваше 11,3 проценти номинално, односно 8,4 проценти реално, додека просечната нето плата беше поголема за 11,4 проценти номинално, односно за 8,5 проценти реално.
Во споредба со истиот месец од претходната година, просечната бруто плата за август 2026 година е номинално поголема за 10,9 проценти, а реално за 8,5 проценти, додека просечната нето плата е номинално поголема за 11,1 процент, односно за 8,7 проценти реално.











