
Претседателот на Мрежата на француски стопански комори (CCI France) Ален Ди Крешенцо денес повика на привремено прекинување на демонстрациите во Франција во текот на последниот дел од годината, што е од клучно значење за трговците.
Тој предупреди дека новите протести во Франција го загрозуваат опстанокот на малите локални продавници, објави Фигаро.
„Трговците се уморни и очајни“, изјави Ди Крешенцо за Радио Класик и потсети дека 40 проценти од годишните приходи на продавниците се генерираат во текот на ноември и декември.











