Зелено на европските берзи: Инвеститорите ги очекуваат сигналите за каматните стапки од САД

Европските берзански индекси денес се во пораст, при што суровата нафта „брент“ малку падна на околу 114,90 долари за барел.

Суровата нафта „брент“ утрово падна за околу 0,77 проценти на 114,91 долари за барел, бидејќи цените продолжија да се тргуваат со поблаг притисок надолу од нивниот неодамнешен пораст.

Брентот малку падна откако извештаите за дипломатските напори на Катар за ублажување на тензиите со Иран донесоа одредено олеснување на пазарот, објави „Фајненшл тајмс“.

Утринската цена на американската сурова нафта WTI е околу 100,90 долари за барел, што е намалување од околу 0,8 проценти во однос на претходното затворање.

Покрај извештаите од технолошките компании, фокусот на глобалните пазари денес е почетокот на дводневниот состанок на Федералните резерви на САД (ФЕД), каде што ќе бидат во фокус сигналите за понатамошните движења на каматните стапки и насоката на монетарната политика.

Вредноста на еврото во однос на доларот на берзата Форекс утрово беше околу 1,1162 долари.

Цената на златото на светските берзи беше околу 4.016 долари за тројанска унца, додека цената на пченицата беше околу 6,25 долари за бушел (еден бушел е 27,216 кг).