
НЛБ Банка ги претставува Visa Platinum и Visa Signature, две нови премиум кредитни картички наменети за клиентите за кои премиум не е исклучок, туку личен стандард. Со внимателно избрани поволности и повеќе простор за уживање, тие внесуваат нова димензија во премиум банкарството – бидејќи вистинскиот луксуз е токму во искуството, во времето за себе, удобноста и привилегиите што му даваат посебен белег на секое патување.
Visa Platinum и Visa Signature не се само начин на плаќање, туку искуство создадено да одговори на вашите највисоки очекувања. Двете картички нудат различен обем на привилегии кои опфаќаат аеродромски поволности, осигурување и заштита при купување, мобилен интернет во странство, како и меѓународни понуди и корисничка поддршка, овозможувајќи им на клиентите да изберат премиум искуство според својот животен стил.
Visa Platinum и Visa Signature се достапни самостојно, но и како дел од премиум пакетите на НЛБ Банка, како дополнителна можност за надградено искуство на личното банкарство.
Visa Platinum – Премиум удобност за секојдневие и патувања
Visa Platinum е избор за клиентите кои сакаат практични премиум погодности во секојдневието и на пат – четири бесплатни посети годишно во над 1.200 аеродромски салони, два меѓународни Fast Track пристапи и 10 Fast Track пристапи на аеродромот во Скопје. Овој спој на удобност и практична вредност го надополнуваат 3 GB мобилен интернет во странство годишно, осигурителна заштита при купување, доцнење на лет и багаж, избрани меѓународни партнерски понуди и глобална корисничка поддршка.
Visa Signature – Највисоко ниво на привилегии
Visa Signature оди чекор понатаму, со поширок опсег на привилегии и поголем комфор за клиентите кои често патуваат. Со 12 бесплатни посети годишно во над 1.200 аеродромски салони, 10 меѓународни Fast Track пристапи и 4 Fast Track пристапи годишно на аеродрмот во Белград, таа нуди значително повеќе можности за поопуштени патувања. Неограничениот Fast Track на аеродромот во Скопје за имателот и тројца гости, 6 GB мобилен интернет во странство, избраните меѓународни понуди за хотели и патувања, и глобалната поддршка 24/7 го заокружуваат ова повисоко премиум ниво.
Клучна предност на Visa Signature е и пошироката осигурителна заштита: патничко-здравствено осигурување со покритие до 750.000 USD за медицински трошоци и одредени непредвидени ситуации со патувањето, летот и багажот. Дополнителната заштита на купените производи при кражба или случајно оштетување ја надополнува вредноста на картичката и надвор од патувањата.
Вашиот пристап до светот на привилегиите
Привилегиите се достапни преку наменските дигитални канали на Visa, кои овозможуваат едноставен пристап до аеродромските погодности, роаминг понудите и информациите за осигурителните бенефити. Се користат според важечките услови, лимити, исклучоци и достапност, а одредени понуди се временски ограничени.
Повеќе информации на веб страницата на НЛБ Банка, во експозитурите на Банката и преку Контакт центарот на 02/15-600.














