Во планинарскиот дом Даре Џамбаз, на врвот на планината Водно, денеска на пладне ќе се одржи промоцијата на публикацијата за здравствените ефекти од цврстите честички.
Трудот е објавен во рамките на Националната програма за јавно здравје на Република Македонија, а во неа се сумирани доказите за здравствените ефекти од загадувањето на воздухот од цврстите честички и нивните импликации за креаторите со цел поттикнување на развој на повеќе ефектни стратегии за да се намали загадувањето на воздухот и неговите здравствени ефекти.