
Во среда, германската влада усвои нацрт-реформа на трудовата регулатива, која министерот за труд Александар Швајцер ја бара за да го направи пазарот на трудот пофлексибилен.
Меѓу другото, нацрт-законот предвидува поедноставно вработување на одредено време, ги штити вработените на добро платени позиции од отпуштање и им отвора врата на пекарите да работат подолго во недела, пренесува ДПА.
„Нашата цел е да ги задржиме работните места во Германија, да овозможиме вработување и да поставиме патоказ за работните места во иднината“, рече Швајцер.
Новите регулативи треба да им олеснат и на компаниите под „тековните економски предизвици“.
Зеленото светло за нацртот пристигна неколку недели порано од планираното. Предлогот треба да помине во Бундестагот и да стапи на сила на почетокот на 2027 година.
Ваквите услови за вработување на определено време ќе важат само до крајот на 2030 година.
Работодавачот ќе може да го продолжи договорот до шест пати на сите што ќе ги вработи во текот на четири години, а на постојните работници ќе може да им понуди договор на определено време и сето тоа под поедноставени формални услови.
Измените првенствено се однесуваат на почетниците, односно помладите, кои често започнуваат да работат со договор на определено време.
Понатаму, заштитата од отпуштање ќе остане само за вработените со годишна плата од најмалку 180.000 евра. Работодавците ќе можат полесно да отпуштаат други, без да наведуваат причини.
Освен пекарите, новите прописи им дозволуваат и на вработените во библиотеките да работат до шест часа во неделите и празниците.












