Нови инвестиции од автомобилската индустија во Македонија

38

Ford_NAIAS_2014_32 Глобални компании од автомобилскиот сектор во текот на првиот квартал од оваа година ќе испратат свои претставници во Македонија, со цел да ги финализираат преговорите за изградба на свои фабрики во земјава. Ова е најавено на средбите што директорот на Дирекцијата за технолошко индустриски зони, Виктор Мизо, ги оствари на Automotive News World Congress, кој се одржува во Детроит за време на најголемиот саем за автомобили во Северна Америка, NAIAS.
Се работи за американски и европски компании кои се произодители на автомобилски делови, со кои се разговара за инвестирање во слободните економски зони во Македонија.
На конференцијата присуствуваат претседателите на најголемите компании за производство на автомобили.