Од понеделник стартува Прва шанса на Агенцијата за вработување

44

Агенцијата за вработување на Република Македонија (АВРМ) најави дека од понеделник стартува со реализација на мерката Прва шанса. Оваа мерка е наменета за високообразовниот кадар, поточно за младите кои дипломирале во текот на 2012 и 2013 година.
“На младите лица преку оваа мерка, ќе им дадеме шанса, веднаш по дипломирањето на некој од факултетите преку систем 3+6 да ја осознаат прво практичната работа, а подоцна да бидат вработени кај работодавци, кои ќе бидат субвенционирани”, рече директорот на АВРМ, Влатко Поповски.
Според Поповски, мерката за самовработување кај млади буди голем интерес бидејќи на тој начин своите бизнис идеи можат да ги преточат во реалност.