Поднесување на годишни сметки по електронски пат

61

TC6 Фирмите поедноставно и поефикасно ќе ги поднесуваат годишните сметки до Централниот регистар на Република Македонија преку новиот електронски систем кој беше презентиран пред бизнис заедницата и сметководителите.
Системот ќе почне да се применува со доставување на годишните сметки за 2013 година, за кои крајниот рок е продолжен до 15 март.
Новиот систем ќе им овозможи на сметководителите да го намалат бројот на потребните чекори за поднесување на годишна сметка на фирмите. Сметководителите ќе добијат повеќе време за составување на годишните сметки, ќе се надмине потребата од поседување на двојни дигитални сертификати, ќе се избегне двојно изготвување на сметките, како и групно плаќање на сметките.
Драги Митковски, претседателот на Сметководствената комора при Сојузот на стопански комори на Македонија, смета дека е позитивен чекор тоа што е продолжен рокот за доставување на годишните сметки, но и олеснет е начинот на реализација на целата процедура.
Според податоците на Централниот регистар, се очекува за 2013 година до нив да бидат доставени околу 100.000 годишни сметки од правни субјекти.