Јапонска донација за заштита на Охридското езеро

41

Со неповратни средства и експертиза за изработка на физибилити студија, јапонската Влада ќе го поддржи колекторскиот систем за заштита на Охриското езеро.
Дејан Пановски, македонскиот претставник во билатералниот македонско-албански Секретаријат за заштита на езерото, истакна дека јапонската донација е резултат на интензивните контакти на македонските надлежни институции и доставената апликација од наша страна.
“Јапонската агенција е подготвена сразмерно на своите процедури да издвои средства и за самиот процес на рехабилитација и да учествува во подготвка на поширока Донаторска конференција, планирана да се изведе по објавата на физибилити студијата. Ова е генерациска шанса да се обезбеди комплетна долгорочна стабилна состојба на Охридското езеро”, истакна Пановски.
Активностите на Јапонската агенција околу рехабилитацијата на колекторскиот систем на Охридското езеро започнаа веднаш по потпишувањето на Договорот за соработка во областа на екологијата.
Јапонските експерт досега имаат преземено неколку мисии во регионот, при што е изработен и Извештај за состјбата на колектроскиот систем. Македонското Министерство за животна средина и просторно планирање подготви Апликација за издвојување на средства за изработка на физибилити студија што се веќе одбрени.
Партнер на Јапонската агенција е Министерството за финансии, а стручниот дел се одвива преку Министерството за животна средина и просторно планирање во Скопје и одделението во Охрид.