Домот е прибежиште каде се чувствуваме комфорно, безбедно и далеку од очите на јавноста. Но, секако дека сите сакаме тој да ни биде наместен во стил кој го обожуваме и кој не отсликува. Ова е листата на дизајнирани столови за кои треба да платите многу за да ви го разубавуваат домот.
5. Platner Lounge Chair – 5.514 долари
Столот со форма на лале е дизајниран во 1966 година од страна на американската компанија Knoll. Тој наликува на скулптура од жици. Столот во форма на лале денеска за продава за 5.514 долари.
4. Bertoia Asymmetric Chaise – 6.956 долари
Почетоците за создавањето на овој стол биле од уметничка природа, односно дизајнерот Henry Bertoia во 1952 година најпрво го направил како експериментална уметност за тоа време, но потоа ја увидел и неговата функционалност.
3. Gehry Power Play Club Chair – 8.077 долари
Френк Гери не е непознат во светот на архитектурата. Неговите дела се познати насекаде низ светот, во Лос Анџелес, Билбао… Во 90-те години на минатиот век тој заедно со компанијата Knoll го создаде клуб столот кој чини 8.077 долари.
2. Chieftains Chair – 13.900 долари
Finn Juhl го креирал овој стол да изгледа авторитативно и моќно. Инспирацијата на дизајнерот потекнува од 1949 година, од формите на оружје кои биле изложени на Саемот во Копенхаген. Од страна на медумите бил наречен како престол, откако кралот Фредерик IX седнал на него, но потоа дизајнерот го преименувал во сhieftains.
1. Egg Chair – 17.060 долари
Arne Jacobsen дизајнирал се во неговиот живот, но запомнет е по столот јајце. Столот е дизајниран за фоајето на хотелот Royal во Копенхаген во 1958 година, што подоцна ќе го направи најпознатиот дански дизајнер на мебел. Столот е наречен јајце по неговата форма.