Сушата во Бразил ја подигна цената на кафето арабика

53

Close-up of Coffee BeansЦената на кафето арабика забележа најголем раст во последните девет месеци поради големата суша во Бразил, најголемиот одгледувач и извозник на арабика во светот. Цената порасна за 23% во 2014 година, за разлика од 1997 година кога имаше најниска цена.

Бразил се соочува со најтоплиот јануари и најмалку дождови во последните 20 години, според агрономот Марко Антонио дос Сантос, пишува Блумберг. Сушата, освен на кафето, ги подигна цените и на шеќерот и сокот од портокал.

Во текот на минатата недела, за само пет дена, цената на кафето арабика порасна за 9,5%.

Кафето арабика се одгледува главно во земјите од Латинска Америка.