Скопската железничка станица ќе се реконструира во март

42

Темелна реконструкција на Скопската железничка станица ќе започне на крајот на март или почеткот на април оваа година. Во неа ќе се инвестираат 2,6 милиони евра, со што ќе се обноват сите нејзини витални делови.
Подготовките за реконструција се во завршна фаза, во моментов се работи на евалуација на доставените понуди која треба да заврши до крајот на овој месец. Во реконструцијата на железничката станица ќе се опфатат и билетарниците, тоалетите, ќе се направат пристапни рампи за инвалидизираните лица, а ќе се реконструираат и чекалниците.