Слаб дожд и температура до 13 степени

31

Времето во Македонија денеска ќе биде променливо облачно. Попладне во западните делови ќе има услови за слаб локален дожд, а на планините локален снег. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Дневните температури ќе се движат од три до 13 степени.

Во Скопје и околината облачно со температура до 10 степени.