Голема хуманитарна акција за собирање стара облека и играчки

47

Невладината организација Урбано општество во соработка со ОУ Лазо Ангеловски и Министерството за труд и социјална политика, од вчера почна со реализација на голема хуманитарна акција за собирање стара облека и играчки.
Облеката и играчките што ќе се соберат ќе бидат донирани во неколку домови за деца без родители и родителска грижа.
Собирните пунктови на акцијата, која ќе трае до сабота, 22.2.2014 година, ќе бидат поставени во ОУ Лазо Ангеловски во Ново Лисиче.
По завршување на акцијата на 22.2.2014 година собраната облека и играчки ќе бидат донирани во некои од домовите.
Општина Аеродром апелира до граѓаните да ја покажат својата хуманост и масовно да се вклучат во акцијата, и на тој начин да им помогнат на децата без родители.
Наместо да ја фрлате старата облека или пак да ви собира прав во подрумите, како што вели Мартин Серафимов, претседател на НВО Урбано општество, подарете им ја на децата на кои им е потребна, а тие вечно ќе ви бидат благодарни.