Македонија има 71.290 активни фирми

47

Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на активните деловни субјекти во Република Македонија во 2013 година изнесува 71.290.

Најголемо учество во структурата имаат секторите: Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли со 25.429 субјекти или 35,7% и Преработувачка индустрија со 7.918 субјекти или 11,1%.

Најмала застапеност имаат секторите: Рударство и вадење на камен со 164 субјекти или 0,2% и Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација со 132 субјекти или 0,2%.

Податоците за структурата на активните деловни субјекти според бројот на вработени покажуваат дека најголемо учество од 85% имаат деловните субјекти со 1-9 вработени. Потоа следат деловните субјекти без вработени или субјекти со неутврден број на вработени (без податок за вработени) со 6,2%, па субјектите со 10 – 19 вработени со 4,2%, потоа субјектите со 20-49 вработени чие учество изнесува 2,5 %, со 1,8% учествуваат субјектите со 50-249 вработени и само 0,3% од активните деловни субјекти имаат над 250 вработени.