Сите граѓани кои ги исполнуваат условите за конкурсот на компанијата Актор за вработување на 350 градежни работници за изградба на Коридорот 10 да се пријават на овој конкурс.
Апелираше денеска министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески на денешното започнување на изградба на канализацискиот систем во Рженичино.
“Очекувам во текот на оваа година да има вакви слични конкурси и за изградбата на автопатот од Скопје до Штип и од Кичево до Охрид. Една од целите за што влеговме во ваква инвестиција, покрај другото, е и нови вработувања во делот на изградбата на патиштата”, истакна Јанакиески.
За изградбата на делницата Демир Капија-Смоквица, министерот рече дека роковите се запазуваат каде до сега 35 % од градежните работи се завршени. Според него, во септември 2016 година ќе заврши изградбата и на последната делница од коридорот 10.