Стопанските комори на Македонија и Австрија денеска организираат бизнис-форум

44

Стопанската комора на Македонија во соработка со Стопанската комора на Австрија, денеска организира македонско-австриски бизнис-форум. Целта е да се поттикне соработката меѓу австриските и македонските компании.
“Во Македонија доаѓа делегација од австриски компании со цел да остварат бизнис-соработка со македонски фирми од сферата на третманот и пречистувањето на отпадни комунални и индустриски води, подготвување на вода за пиење, управување со отпад, безбеден пренос на податоци за индустриски апликации и индустриска автоматизација”, соопшти Стопанската комора на Македонија, која денеска ќе биде домаќин на бизнис-форумот.