Македонија прва земја во регионот со Национален план за климатски промени

35

Македонија го изработи Третиот национален план за климатски промени со што стана првата земја во регионот што има изработено трет ваков документ. Во него се содржани препораки и мерки за адаптација кон климатските промени и обезбедување на зелен развој на локално, државно и регионално ниво.
Вицепремиерот за економски прашања, Владимир Пешевски, најави дека предлог мерките ќе бидат усогласени со целите на идната стратегија за енергетика со што ќе се одговори на препораката од последниот извештај на Европската унија за напредокот на Македонија.
Меѓу другото, од активностите што ќе се реализираат, планирано е да се инсталираат системи за мониторинг на потрошувачката на енергија во 17 компании, да се понуди можност за поддршка на проекти за енергетска ефикасност во најмалку шест компании и да се спроведат обуки.
Заменик-министерот за животна средина и просторно планирање Стево Темелковски, пак, оцени дека документот претставува чекор напред во зголемувањето на клучните сознанија за подготвеноста на државата да се справи со предизвиците од климатските промени.
“Квалитетот на самиот документ е на многу високо ниво и ги покрива сите аспекти поврзани со климатските промени кои се специфични за Македонија. Тематските извештаи се резултат на сеопфатни анализи кои ги правеа релевантни научни и стручни институции како што се Истражувачкиот центар за енергетика, информатика и материјали на МАНУ и УХРМ, релевантни експерти помогнати од стручни лица од министерствата. А изработката на документот за сите поглавја беше следена и финално одобрена од Националниот комитет за климатски промени”, посочи Темелковски.
Податоците говорат дека сегашните емисии на стакленички гасови на глобално ниво се за 14% повисоки од оние што според пресметките би требало да се постигнат во 2020 година. Третиот национален план за климатски промени е усвоен од страна на Владата на 27 јануари годинава. Македонија го усвои Првиот национален планво 2003 годинам, а Вториот веќе во 2008 година.