Заштита на правата на потрошувачите – Кодекси на добра пракса

45

Со презентација на тема Остварените резултати во заштитата на правата на потрошувачите – кодекси на добра пракса Стопанската комора на Македонија во соработка со Министерството за економија ќе го одбележат Светскиот ден на правата на потрошувачите.
На презентацијата е најавено учество на претставници од Министерството за економија, Државниот пазарен инспекторат, Aгенциите за храна и ветеринарство и за електронски комуникации, Организацијата на потрошувачите на Македонија, како и претставници од здруженијата и групациите при Стопанската комора на Македонија кои потпишале кодекси на добра пракса.