Поевтинуваат скијачите билети на Попова Шапка

43

Скијачкиот центар Попова Шапка од утре ги намалува цените на дневните ски билети до крајот на скијачката сезона и ќе чинат 600 денари.

Како што соопштија од ЕЛЕМ Турс, цената за ноќното скијање останува како и досега 400 денари, полудневниот билет и натаму ќе чини 600 денари, а целодневното скијање за деца до 12 години останува 400 денари.

Според информациите, за вечерва и утревечер со почеток во 19 часот на ски лифтовите Поток 1 и Поток 2 ќе бидат вклучени светилките за ноќно скијање.

Од ЕЛЕМ Турс посочуваат дека иако календарски пролетта е на самиот праг, на Попова Шапка има доволно снег, подготвени патеки и одлични услови за уште една продолжена ски сезона.