Република Молдавија – можности за нови деловни партнерства и поголема економска соработка е тема на денешната прес-конференција на Стопанската комора на Македонија.
Стопанската комора на Македонија ќе информира за отпочнувањето поинтензивна соработка со Република Молдавија, како земја членка на ЦЕФТА, со цел да се искористат потенцијалите и можностите кои ги нуди ЦЕФТА договорот, а кои според официјалните статистички податоци, минимално се користат, како и со цел потткинување нови деловни партнерства и стимулирање на извозот како основа за поголема економска соработка меѓу двете земји.