Растителното производство со раст од 0,6%

48

Според податоците на Државниот завод за статистика, бруто-додадената вредност во земјоделството во 2012 година изнесува 42.841 милиони денари и во однос на 2011 година бележи номинален раст од 2,7%. Благ раст е забележан и кај земјоделската деловна гранка од 0,8% во однос на 2011 година.

Растителното производство во 2012 година, кое во вкупното производство учествува со 69%, бележи раст од 0,6% во однос на 2011 година. Вредноста на добиточното производство, кое во вкупното производство учествува со 23,2% порасна за 2,8% во однос на 2011 година.

Меѓуфазната потрошувачка, во 2012 година, бележи пад од 1,4% во однос на 2011 година. Номиналниот и реалниот доход во земјоделството од производните фактори, по работна единица, во 2012 година бележат раст и тоа: 15% кај номиналниот и 15,9% кај реалниот доход од производните фактори.