Три компании од Швајцарија сакаат да градат пречистителна станица во Гевгелија

47

Три швајцарски компании доставиле понуди на меѓународниот тендер за изградба на првата фаза од пречистителната станица во Гевгелија, беше соопштено по отворањето на понудите. Сега следува период на евалуација и избор на најповолната понуда.
Во Гевгелија денеска се одржа и средба со претставници од четирите грчки фирми заинтересирани за втората фаза од проектот која ќе опфати изградба на линија за обработка на ситниот песок, како и изградба на административните простории и внатрешните сообраќајници во пречистителната станица.
Изградбата на пречистителната станица крај реката Вардар ќе чини 9,6 милиони евра што ги обезбедуваат владите на Швајцарија, Македонија и Грција. Општина Гевгелија во реализацијата на проектот ќе учествува со обезбедена локација и логистика.