Според дефинитивните податоци на Државниот завод за статистика, во 2012 година, во рамките на структурните деловни статистики се анализирани 54.392 деловни субјекти со 335.771 вработени лица, во кои е остварен вкупен промет од 947.410 милиони денари и е создадена додадена вредност од 197.989 милиони денари.
Најголем број од претпријатијата спаѓаат во секторот Трговија на големо и на мало, односно 44,6%, со 28,1% од вкупниот број на вработени и реализирани 41,6% од вкупниот промет.
Како втор по значење, секторот Преработувачка индустрија учествува со 13,3% од претпријатијата, 30,2% од вработените и 26,6% од вкупниот промет.
Во вкупната додадена вредност, пресметана според фактор на трошок, во 2012 година, најголемо учество
имаат претпријатијата од секторот Преработувачка индустрија со 25,8% и секторот Трговија на големо и на мало со 23,3%.
Во однос на големината, во 2012 преовладуваат микро претпријатијата со помалку од 10 вработени со 91,2%.
Во нив се ангажирани 33,7% од вкупно вработените и 25,1% од вкупната додадена вредност. Од друга страна, во големите претпријатија со 0,2% се ангажирани 23,3% од вкупниот број на вработени, со остварени 34,4% од вкупната додадена вредност во рамките на деловниот сектор.