Граѓаните кои сакаат да учествуваат во наградната игра Фискална во рака – награда без мака покрај по пошта, адресираните коверти со фискални сметки и лични податоци можат да ги оставаат и на специјално одредените пунктови од кои еден е во зградата на МРТ, во седиштето на Државна лотарија на Македонија, а другите се на различни локации пред уплатно – исплатни места за игрите на среќа на Државна лотарија на Македонија, обележани со знакот – СРЕЌНО МЕСТО.
Во Скопје ковертите можат да се оставаат секој ден во тек на работното време на среќните места Толлакс на улица Македонија и МПМ Пресс кон Плоштад Македонија.
Во среда од 11 до 15 часот ковертите може да се оставаат во Гевгелија – продажно место МОНТЕ МК и во Кавадарци – продажно место СИГМА.
Во четврток во истиот период ковертите може да се оставаат во Битола на продажно место ВАГАБОНД и во Прилеп на продажно место ТОБАКО ПЛУС. Во петок граѓаните своите коверти со фискални можат да ги остваат од 11 до 15 часот во Охрид продажно место ПРАГМА, во Струга – продажно место КИКИ ТВИНС и во Кичево – продажно место ДЕТЕЛИНКА.
Во сабота во истиот период фискални сметки ќе се оставаат во Гостивар на продажно место ЈОТОН и во Тетово на продажно место БАРТОН.
По пошта граѓаните ковертите можат да ги испрачаат со наменската поштенска марка по цена од 8 денари која може да ја добијат во сите експозитури низ РМ.
Четвртото извлекување на наградната игра Фискална во рака – награда без мака треба да се одржи на 31 март, во живо на МРТ во 20 часот. Во ова 4 коло на наградната игра се извлекува за еден автомобил Пежо 208, 30 вредносни ваучери од 3.000 до 60.000 денари и 120 вредносни ваучери за прехрамбени продукти во вредност од по 1000 денари.