Кина ќе и додели на Македонија 2,5 милиони евра

45

Кинескиот амбасадор Цуи Живеи се сретна со вицепремиерот задолжен за европски прашања Фатмир Бесими. Состанокот се одржа во чест на одбележувањето на досегашната соработка меѓу двете држави. Со цел продолжување и продлабочување на соработката беше разменет и меморандум за соработка со кој Народна Република Кина ќе и додели на Македонија средства во висина од 2,5 милиони евра.
Во досегашната соработка, која започна во 2007 година, реализирани се повеќе проекти и студиски посети во рамки на договорите за економска и техничка соработка на двете земји. Заклучно со минатата година потпишани се договори во висина од 13,4 милиони евра наменети за изградба на училишта, здравствена инфраструктура, набавка на училишни автобуси и друго.