Кој заработува од моето кафе? (втор дел)

53

kafe-2

Фото: Pixabay

Промената во преговарачката моќ не треба да престане да постои. Додека приказната за земјоделството може неограничено да се разработува, основните принципи остануваат исти. На пример, ако новите земјоделци продолжуваат да пристигнуваат, тие на крајот ќе ја обработуваат не само ливадата, туку и необработливата земја. Кога ќе дојде нов доселеник, Корнелиј, на располагање ќе ги има само пасиштата, кои што се дури и помалку продуктивни отколку необработливата земја. Можеме да го очекуваме истиот танц на преговори, Корнелиј ќе им понуди пари на земјопоседниците за да ја добие необработливата земја, рентите на необработливата земја брзо ќе се зголемат, разликата меѓу рентите на необработливата земја и на ливадите треба да остане иста (или земјоделците ќе сакаат да се движат), така што и рентата на ливадата ќе се зголеми исто.

Затоа, рентата на ливадата секогаш ќе биде еднаква на разликата во приносот на житото помеѓу пасиштата и било која слободна земја без рента за новите фармери. Економистите ја нарекуваат оваа земја „маргинална“ земја бидејќи е граница помеѓу да се култивира или да не се култивира. (Наскоро ќе видите дека економистите размислуваат за одлуки на маргините доста.) На почетокот, кога ливадите беа повеќе отколку доселениците, тие не беа само најдоброто земјиште, истовремено беа и „маргинално “ земјиште бидејќи новите земјоделци можеа да го користат. Затоа што најдоброто земјиште беше исто така и маргинално, немаше рента над тривијалната сума потребна да му се компензира на земјопоседникот за неговите проблеми. Подоцна, кога имаше се повеќе земјоделци, така што немаше повеќе првокласно земјиште, необработливото земјиште беше маргинално земјиште и рентите на ливадите пораснаа до пет бушели за година – разлика помеѓу продуктивноста помеѓу обработливото и маргиналното земјиште (во овој случај необработливото). Кога Корнелиус пристигнал, пасиштата станале маргинална земја, ливадите станале уште поатрактивни во однос на маргиналното земјиште заради што земјопоседниците можеле повторно да ја покачат рентата. Важно е да се забележи дека не постои апсолутна вредност, се е релативно во однос на маргиналното земјиште.

Значи, Давид Рикардо и јас не добивме награди за нашите сценарија, но може да не пофалите се додека нашата мала приказна всушност кажува нешто корисно за модерниот свет. Можеме да почнеме со кафе баровите. Зошто е кафето скапо во Скопје? Одговорот на здравиот разум е дека кафето е скапо бидејќи кафе баровите треба да плаќаат високи закупнини. Моделот на Давид Рикардо може да ни покаже дека ова е погрешен начин да се размислува за ова прашање, бидејќи „висока закупнина” не е арбитрарен факт на животот. Таа има причина. Приказната на Рикардо покажува дека две работи го детерминираат изнајмувањето на најдобрите локации како ливадите: разликата во земјоделската продуктивноста помеѓу ливадите и маргиналното земјиште, како и важноста на земјоделската продуктивност по себе. На еден долар за бушел, пет бушели жито е пет долари рента. На двесте илјади долари за бушел, пет бушели жито е рента од еден милион долари. Ливадите ја командуваат високата рента само ако житото на коешто му помагаат да се одгледа е, исто така, вредно.

Сега, да ја примениме теоријата на Рикардо за кафе баровите. Исто така, како што ливадите ќе ги командуваат високите ренти ако житото што тие го произведуваат е вредно, одличните кафе-бар локации за кафе-баровите ќе ги командуваат високите закупнини само ако клиентите ќе сакаат да платат високи цени за кафето. На пример, клиентите што се на пауза толку се очајни за кофеин и се брзаат што, практично, се „слепи“ за цената. Подготвеноста да платат десеттина денари плус за пригодно кафе ја поставува закупнината на високо ниво, а не обратно. Локации, соодветни за кафе барови, се како ливадите, тие се имот со најдобар квалитет за целта и брзо се изнајмуваат. Како што се на ул. Македонија, Рекорд, Плоштад, Кеј и сл. Како кафе бар Единбург.

Овие места може да се користат за да се продаваат автомобили на старо или кебапчиња. Но, никогаш не се употребуваат за тоа, не затоа што Плоштад е лошо место за да се продаде половен автомобил или кебапчиња, туку затоа што не постои недостаток на други места со пониски закупнини каде можат да се продаваат автомобили или кебапчиња, каде што клиентите помалку брзаат, сакаат повеќе да се движат или да нарачаат за дома. За кафе барови и слични локали за продажба на грицки или весници, поевтините закупнини не се надомест за загубата на поплавата од клиенти кои се „слепи“ за цената.

Давид Рикардо успеа да напише анализа за кафе баровите на прометни места пред да постојат кафе барови во близина на станици или на ќошиња или на самите прометни улици. Ова е еден трик што ги тера луѓето или да ја мразат или да ја сакаат економијата. Оние кои ја мразат тврдат дека ако сакаме да разбереме како работи современиот бизнис за кафе нема потреба да ја читаме анализата на земјоделството објавена во 1817.

Но, многу од нас го сакаат фактот дека Рикардо беше во можност, пред речиси двесте години, да продуцира сознанија кои го осветлуваат нашето разбирање денеска. Лесно е да се види разликата помеѓу земјоделството во деветнаесеттиот век и бизнисот за кафе во дваесет и првиот век, но не е толку лесно да се согледа сличноста пред да се прикаже пред нас. Економијата делумно е за моделирање, за артикулирање на основните принципи и за модели кои работат зад навидум сложени процеси како изнајмување на земјиште или на кафе барови.

Постојат и други модели за бизнисот со кафе што се корисни за различни работи. Модел на дизајн и архитектура на кафе барови може да биде употребен како студија на случај за дизајнерите на ентериер. Физичкиот модел може да ги објасни најзначајните карактеристики на машината која генерира притисок од десет атмосфери потребен за производство на еспресо. Истиот модел може да биде корисен за да се зборува за пумпи за вшмукување или за мотор со внатрешно согорување. Денес имаме модели на еколошки влијанија на различните методи на отстранување на отпад при мелењето на кафе. Секој модел е корисен за различни нешта, но “модел” кој се обидува да го опише дизајнот, инженерингот, екологијата и економијата нема да биде поедноставен од самата реалност со што не би придонел ништо за нашето сознание.

Моделот на Рикардо е корисен за дискутирање на односот помеѓу оскудицата и моќта на преговарањето, којшто оди многу подалеку од кафе или земјоделство и, на крајот, објаснува голем дел од светот околу нас. Кога економистите го гледаат светот, тие ги гледаат скриените социјални модели, модели што стануваат евидентни само кога некој се фокусира на основните клучни процеси. Овој фокус ги наведува критичарите да кажат дека економијата не ја зема предвид целата приказна, целиот “систем.” Тогаш, како може анализата на земјоделството од деветнаесеттиот век да се прокламира како вистина за кафе баровите на дваесет и првиот век, освен преку голем неуспех да се забележат сите видови на важни разлики. Вистината е дека, едноставно ништо што е комплицирано, не е возможно да се разбере без фокусирање на одредени елементи за да се намали сложеноста.

Економистите имаат одредени работи на што сакаат да се фокусираат, а оскудицата е една од нив. Овој фокус значи дека ние не ја забележуваме механиката на еспресо машината ниту пак шемите на бои на кафе баровите ниту други интересни, важни факти. Она што го добиваме од тој фокус е разбирање на „системот“ – економскиот систем, што е далеку посеопфатен од колку што многу луѓе може да разберат.

Врзан во техничките детали, Рикардо не успеал да сфати дека илјадници сопственици, натпреварувајќи се едни со други, ќе направат различни одлуки отколку само еден од нив. Значи моделот на Рикардо не може да објасни сè. Но, ние сме тука за да откриеме дека тој оди подалеку од што самиот Рикардо некогаш можел да си замисли. Тој не ги објаснил само принципите кои лежат во кафе баровите и во земјоделството. Доколку се применува правилно, моделот покажува дека законодавството за животна средина драматично може да влијае на распределбата на приходот. Тој објаснува зошто некои индустрии, природно, имаат високи профити додека во други индустрии висок профит е сигурен знак за заговор. Дури и успева да објасни зошто образованите луѓе приговараат на имиграцијата од други образовани луѓе додека работниците се жалат на имиграцијата од други неквалификувани работници.