Според податоците на Државниот завод за статистика, во декември 2013 година, во Република Македонија, бруто-домашната потрошувачка на електрична енергија изнесуваше 925 921 МWh, што во споредба со истиот месец од претходната година претставува пад од 1,1%.
Во бруто-домашната потрошувачка нето-увозот учествуваше со 35,7%, додека бруто-домашното производство со 64,3%.
Според податоците на Државниот завод за статистика, во декември 2013 година, во Република Македонија, вкупниот увоз на природен гас изнесуваше 37.336 мил. nm3, што во споредба со увозот во истиот период од претходната година претставува пораст од 125,9%.
Во вкупната потрошувачка на природен гас, природниот гас за енергетски трансформации учествуваше со 90,9%, додека финалната потрошувачка со 8,7%.