Економската состојба во февруари понеповолна од јануари

46

Според податоците на Државниот завод за статистика, раководителите ја оценуваат економската состојба на деловните субјекти во февруари 2014 година како понеповолна во однос на претходниот месец, а понеповолна и во однос на февруари 2013. Оценката за обезбеденоста на производството со порачки е понеповолна во однос на претходниот месец.
Oценката за обемот на производството во февруари 2014 година е понеповолна во однос на претходниот месец, очекувањата за обемот на производството во следните три месеци се понеповолни, како и очекувањата за бројот на вработени.
Во февруари 2014 година, залихите на суровини и репроматеријали, како и тековните набавки на суровини и репроматеријали се под и околу нормалата.
Залихите на готовите производи во февруари 2014 година се намалени во однос на јануари 2014 година. Просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти во февруари 2014 година изнесува 58,9% од нормалното искористување.
Најголемо влијание на ограничувањето на обемот на производство во
февруари 2014 година имаат следните фактори: недоволната странска побарувачка со 25,7%, недоволната домашна побарувачка со 18,7%, неизвесното економско опкружување со 8,4% и финансиските проблеми со 8,3%.