Државниот завод за статистика, според своите податоци информира дека индексот на индустриското производство во февруари 2014 година, во однос на февруари 2013 година, изнесува 104.1.
Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во февруари 2014 година, во однос на февруари 2013 година, бележи пораст од 3,5%, во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 10%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 21,5%.
Според главните индустриски групи, производството во февруари 2014 година, во однос на февруари 2013 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 15,5% и Капитални производи за 39,1%, додека опаѓање бележи кај Енергија за 16,5%, Трајни производи за широка потрошувачка за 7,2% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 0,4%.