Промоција на прирачникот Вовед во ревизорските извештаи

41

Во рамките на проектот кој е со цел воспоставување на професионално одржливи и ефективни релации меѓу Собранието на Р. Македонија и Државниот завод за ревизија, денес во Скопје ќе се промовира прирачникот Вовед во ревизорските извештаи.

Прирачникот има цел да придонесе за подобрување на начинот на користење на конечните ревизорски извештаи од пратениците. Се состои од куси и разбирливи информации кои се поврзани со основата на ревизорските извештаи.

Содржи и примери на добра меѓународна практика за соработка меѓу Врховните ревизорски институции од различни држави и нивните парламенти, кога станува збор за користење на ревизорските извештаи.
Прирачникот е резултат на проект имплементиран во текот на годинава од страна на двете врховни ревизорски институции, Државниот завод за ревизија на Р. Македонија (ДЗР) и Холандскиот суд за ревизија (ХСР).