Македонија на 63-то место за олеснување на трговијата во 2014 година

54

Македонија е рангирана на 63-то место од вкупно 138 земји во најновиот Извештај за олеснување на трговијата за 2014 година кој го објавува Светскиот економски форум. Индексот на Македонија од скалата од 1 до 7 е 4,1.
Главни критериуми, врз основа на кои се оценува индексот е отвореност на пазарот, граничните процедури, развиеност на инфраструктурата и оперативно окружување, односно пристап до домашниот пазар, пристап на странските пазари, ефикасност и транспареност на граничната администрација, достапност и квалитет на транспортната инфраструктура и транпортните услуги.
Македонија најдобро е рангирана, според пристапот до пазарите на 23-то место со индекс 4,3, на 85-то место е според ефикасност и транспарентност на гранични процедури и според инфраструктурата и 43-то место според оперативното опкружување.
Од земјите во регионот Србија е рангирана на 89 место, Босна и Херцеговина на 78, Хрватска на 56, Црна Гора на 49 и Словенија на 38 место.
На врвот на листата се Сингапур и Хонг Конг, а меѓу првите десет се Холандија, Нов Зеланд, Финска, Велика Британија, Швајцарија, Чиле, Шведска и Германија.
Глобалниот извештај се објавува од 2008 година, секоја втора година.