Членките на Здружението на металургија и претставници на Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП), денеска во Стопанската комора ќе одржат средба за А- интегрираните дозволи и нивното услогласување со оперативните планови на индустриите.
На средбата ќе се разговара за нацрт-записникот од сто деведесет и четвртата седница на Владата и барањето за пролонгирање на роковите за добивање на А-интегрирани дозволи за усогласување со оперативен план на индустриските капацитети.
Најавено е присуство на заменик-министерот за животна средина Стево Темелковски и на директорите на Државниот инспекторат за животна средина и Управата за животна средина, Фирус Мемед и Игор Трајковски.