Сите винарски визби да го почитуваат законскиот рок за плаќање на минатогодишниот род грозје, порача директорот на Државниот инспекторат за земјоделство Румен Стаменов по синоќешната средба со лозарите и винарите во Кавадарци.
“Исплатата на грозјето откупено лани треба да заврши до крајот на овој месец. Ги имаме предвид интересите и на лозарите и на винарите и се грижиме и за едните и за другите бидејќи тие се составен дел на лозаровинарството. Лозарите не можат без винарите и обратно”, истакна Стаменов.
Според него, полека се издвојуваат оние кои навреме плаќаат и поради тоа, се повеќе ја добиваат довербата кај лозарите. За производителите исплатата на грозјето се уште е најголем проблем.