Намалени површините под ориз во кочанско

50

Со зафаќањето на проточните води од Оризарска и Кочанска река од денеска и официјално започна полнењето на оризовите површини со што за неколку дена ќе започне и сеидбата на оризовата култура. Од Водостопанство Брегалница најавуваат намалување на површините под ориз, а зголемување на крските површини кои не бараат големи количини вода, јавува МИА.

“На стартот на пролетната сеидба во акумулацијата Калиманци имаме акомулирано 66 милиони метри кубни вода, што е на половина од потребните количини вода за старт на наводнителната сезона која до лани изнесуваше 120 милиони метри кубни. Затоа и донесовме одлука за намалување на површините под ориз во регионот за 28% или од планираните 4.200 хектари, пролетва ке бидат насеани 2.800”, истакнува Зоран Беличев, директор на Водостопанство Брегалница од Кочани.

Од Институтот за ориз од Кочани истакнуваат дека и годинава ќе бидат насеани традиционалните сорти ориз сан андреа, ер 76, бисер, примариска, монтеса, а ќе продолжи и проектот со турската агенција ТИКА за пробно производство на 20 сорти турско семе ориз на полињата во источна Македонија.