Се отвори канцеларија на Gamut Global Operations

58

Се отвори канцеларија на австралиската Gamut Global Operations, компанија која ќе развива бизнис софтвер активности во Македонија.

Своето претставништво во Македонија го формира во февруари 2014 година, со цел да ги пренесе главните компоненти во развојот на софтвер активностите.

“Идејата да дојдеме во Македонија се должи на позитивната инвестициска клима, конкурентната цена и пристапот до квалитетен кадар кој ги исполнува условите кои ни беа потребни. Исто така, посветени сме во обезбедувањето на македонски персонал со пристап до најновата опрема, алатки и процеси, со цел да се придонесе во подобрување на вештините и овозможување продуктивен капацитет”, рече претставникот на компанијата Џон Бургес.

Gamut Global Operations планира да прерасне во голема македонска компанија, со идеја да префрли дел од операциите од Австралија во Македонија. Компанијата развива бизнис софтвер уште од 1984 година, a нејзините производи ги продава во Австралија и Северна Америка.