Нова германска инвестиција од 15 милиони евра и 1.000 вработувања

41

Во слободната економска зона во охридско-струшкиот регион, германска компанија од автомобилскиот сектор е најновата странска браун филд инвестиција, која ќе отвори нови 1.000 вработувања, а ќе инвестира 15 милиони евра, обелодени вчера од Битола, премиерот Никола Груевски.

Се работи за компанија која има седиште во близина на Франкфурт, производители се на автомобилски делови и се едни од поголемите. ODW ELEKTRIK доаѓаат заедно со компанијата која ќе инвестира во Кичево, а меѓу другото продаваат и нивни производи на светско ниво.

„Фабриката ќе ја градат на 10.000 метри квадратни во слободната економска зона Охрид-Струга, која веќе почна да се гради. Ќе инвестираат 15 милиони евра. Беа на повеќе места одбраа дестинација, а тоа е регионот Охрид-Струга. Во текот на наредните неколку месеци ќе ги селектираат првите 100 вработени кои ќе одат на обука во Германија. До крајот на годината ќе го почнат производството и потоа планираат да вработат до 1.000 луѓе“, изјави премиерот, додавајќи дека е добро испитана и понудата за потребниот кадар, односно дали ќе имаат доволно кадар на располагање.