Проект за следење на корупцијата на локално ниво

51

Центарот за истражување и креирање политики (ЦИКП) денеска го започнува проектот Размена на најдобри ЕУ практики за следење на антикоруптивни мерки на локално ниво.

Во рамки на овој проект ќе се спроведува истражувањето ЛОТОС (Студија за отворена, транспарентна и одговорна локална самоуправа), финансирано од Европската унија.

Преку овој проект ќе се промовираат и поттикнуваат практиките за антикорупција и добро владеење на локално ниво, а целта е да се обезбеди оддржлива средина за социјален, економски и еколошки развој.

Истражувањето, за чија реализација ЕУ одвои 160.000 евра, ќе биде спроведено од страна на ЦИКП и шест локални граѓански здруженија во 43 општини во осумте плански региони во Македонија.

Активностите се инспирирани од хрватското искуство во зајакнување на граѓанското општество да биде активен чувар на принципите за транспарентност и одговорност на локалната самоуправа и фактот дека активни и свесни граѓани се основа за транспарентна влада и влада без корупција.