Австриската престолнина ќе добие едно мошне необично место за сите вљубеници во купувањето, пренесува виенскиот портал Vienna online.
Станува збор за шопинг центар, кој ќе се протега на површина од 1.000 метри квадратни, а вратите за своите клиенти ќе ги отвори во јуни оваа година.
Вкупно 15 товарни контејнери се искористени за да се направи овој необичен комплекс, а освен бутици ќе има и кафулиња и ресторани.
Она по што овој шопинг центар ќе се разликува од другите е во тоа што нема да се најдат брендови од познати модни куќи, туку постор ќе им се отстапи само на млади модни дизајнери и помалку познати марки.
Овој контејнер-центар ќе има и ограничен рок на траење од само една година.