Скок од 10,1% на прометот во индустријата

45

Прометот во индустријата во февруари оваа година, во однос на истиот период лани, бележи пораст од 10,1%.

Според податоците на Државниот завод за статистика, прометот во индустријата остварен на домашниот пазар во февруари оваа година, во однос на истиот период лани, бележи опаѓање од 23,7%, а прометот остварен на странски пазари бележи пораст од 26,2%.

Гледано по сектори, прометот во индустријата во секторот Рударство и вадење на камен во февруари оваа година, во однос на истиот период лани, бележи пораст од 2,3%, а во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 10,4%.

Според главните индустриски групи, прометот во февруари оваа година, во однос на истиот период лани, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 12,8%, Капитални производи за 51,1% и Tрајни производи за широка потрошувачка за 14,9%, додека опаѓање бележи кај Енергија за 97,1% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 1%.

Прометот во индустријата во февруари оваа година, во однос на претходниот месец, бележи намалување од 3,8%, додека во периодот јануари-февруари оваа година, во однос на периодот јануари-февруари лани, се бележи зголемување од 10,1%.