Продажба на стечаен имот само преку електронска аукција

99

Продажба на стечаен имот само по електронски пат, предвидуваат најновите измени на Законот за стечај.

Првата аукција беше организирана вчера кога се продавал недвижниот имот на компанијата Руен од Кочани, која што е под стечај.

Досега има и три нови најави за продажба на имот во стечајна постапка, што значи дека системот за електронска продажба е веќе оперативен.

„Со измените е воведен само еден начин, преку електронска аукција без почетна вредност, која е изоставена за доверителите да не ја намалуваат во случај на неуспешна продажба и на тој начин да се објавуваат повеќе огласи за иста стечајна маса“, рече денеска вицепремиерот задолжен за економски прашања, Владимир Пешевски.

Продажбата е лимитирана на три обиди за продажба, а доколку потоа нема одлука имотот се распределува на доверителите во идеални делови и постапката се заклучува и нема повеќе имот за продажба.