Секој вработен го чини својот работодавец, во просек, по 33.107 денари месечно, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика за 2012-та година.
Годишниот просек на издатоци на работодавецот по вработен во 2012-та година бил 397.279 денари.
Најголем просек на издатоците по вработен има во секторот снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација и изнесува 67.748 денари.
Во текот на минатата година, годишниот просек на издатоците на работодавецот по фактички одработен час во Македонија изнесува 199 денари. Вкупниот годишен просек на фактички одработени часови по вработен во Македонија изнесува 1.995 часови.