По повод одбележувањето 100 години постоење, Загрепска банка за сите граѓани, без разлика дали се нејзини клиенти, отвора временски трезор, односно временска капсула, каде без никаков надоместок заинтересираните ќе можат да ги стават своите спомени, предмети, фотографии или пораки, пишуваат хрватските медиуми.
Сите овие работи банката ќе ги чува следните 100 години. Капсулата ќе биде отворена од 17 април до 17 јули. Откако ќе се затвори Временскиот трезор на 30 септември 2014 година, банката на адресите на сите граѓани кои оставиле нешто ќе им испрати сертификат. Временската капсула ќе се отвори во 2114 година, а чуваните предмети ќе им се предадат на наследниците, односно на оние што ќе донесат сертификат на увид.