Меморандум за соработка денеска ќе потпишат Информатичко-компјутерската комора при Сојузот на стопански комори (ССК) и факултетите за информатика во земјата.
Претседателот на ИКТ комора при Сојуз на стопански комори, Саша Огненовски, ќе го потпише меморандумот за соработка со Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ), Факултет за компјутерски науки и технологија (МИТ), Факултет за информацисоко комуникациски технологии (ФОН), Американ Колеџ, „Св. Апостол Павле“ – Охрид и Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип.
Настанот е резултат на иницијативата за воспоставување соработка со академската заедница, со цел да се зголеми развојот на ИТ индустријата.
Целта на настанот е поврзување на бизнис заедницата од оваа дејност со науката во насока на унапредување на ИКТ секторот во нашата земја. Во иднина, како што најавуваат од Комората, ќе се организираат трибини, конференции и семинари за размена на искуства и запознавање со најновите ИТ трендови, а ќе се овозможи и практична работа на студентите на овие факлутети во компаниите членови на ИКТ комората.